17 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го претстави Galaxy Core Mini 4G

Samsung го претстави Galaxy Core Mini 4G

samsung-galaxy-core-mini

Јужнокорејскиот гигант „Samsung“ овие денови претстави нов „Android“ смартфон од својата линија „Galaxy Core“.

Овој уред се нарекува „Galaxy Core Mini 4G“ (модел број SM-G3568V) и официјално е претставен во Кина.

Иако телефонот има „4G LTE“ конекција, „Samsung Galaxy Core Mini“ е далеку од „high-end“ уред. Телефонот има 4.3 инчен екран (800 x 480 пиксели), „quad-core“ 1.2GHz процесор, 1.5GB RAM, 8GB интерна меморија, камера од 5MP на задната страна, „Android 4.4 KitKat OS“ и тежок е 136 грама.

Засега не е познато дали компанијата „Samѕung“ има во план „Galaxy Core Mini 4G“ да го лансира и надвор од границите на Кина, ниту по која цена ќе се продава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП