3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе гаси апликацијата Quickoffice

Се гаси апликацијата Quickoffice

quickoffice29

Пред околу две години „Google“ ја превзема мобилната апликација „Quickoffice“ со цел да им овозможи на своите корисници подобра поддршка за форматите на канцелариски документи на „Microsoft“. Но со последниот развој на „Google Docs“, ваквата апликација во нивната понуда стана излишна, па поради тоа одлучија да ја исклучат.

Технички гледано, сите можности кои ги нудеше „Quickoffice“ се интегрирани во апликациите „Docs“, „Sheets“ и „Slides“, па така оваа апликација во наредните неколку недели ќе биде отстранета од „Google Play“, но и од „App Store“.

Од компанијата порачаа дека моменталните корисници и натаму ќе можат да ја користат „Quickoffice“, но за неа повеќе нема да бидат надоградувања и поддршки.

Сите нови корисници посакуваната работа на документите, отсега ќе бидат осудени на „Google Docs“ или некоја од алтернативите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП