8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Скандал - Дуелот Хрватска-Камерун бил наместен!

СП 2014: Скандал – Дуелот Хрватска-Камерун бил наместен!

skandal fifa

Едно од водечките лица на фудбалската обложувачка мафија Вилсон Раџ Перумал откри пред германското списание „Шпигел“ дека натпреварот од групата „А“ на СП 2014 помеѓу Хрватска и Камерун (4:0) бил наместен. Тој ова го открил преку разговор на „Фејсбук“, тврди германското издание.

Пред „Шпигел“, Перумал објавил дека Камерун ќе ја загуби средбата со 0:4, а во првото полувреме ќе има црвен картон. Како што е познато, Алекс Сонг беше отстранет од игра во 40-тата минута.

„Во камерунскиот тим имаше седум „платени“ играчи“, изјавил Вилсон Раџ Перумал. Тој дополнил дека најверојатно и трите средби на „лавовите“ на светското првенство се со изманипулирани резултати.

„Нема докази дека дуелот меѓу Камерун и Хрватска или друг натпревар на африканскиот тим е наместен“, коментира директорот за безбедност на ФИФА, Ралф Мучке пред изданието. Од светската фудбалска федерација откриле дека имаат многу барања за договорени средби на СП 2014 и затоа ќе направат специјална прес-конференција во Бразил.

Роден во Сингапур, Вилсон Раџ Перумал во моментов е ослободен од затвор во Финска и се наоѓа во Унгарија, каде сведочи за процес поврзан со нелегалното обложување. Самиот тој бил уапсен шест пати во последните 20 години, но тврди дека системот на ФИФА за рано откривање на сомнителни облози на натпревари, никогаш не открил дуели кои тој ги договарал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП