29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот SUV на Bentley ќе го одликува високата цена

Новиот SUV на Bentley ќе го одликува високата цена

suv bentley111

Волфганг Дурхајмер откри дека првиот „SUV“ модел на оваа компанија ќе го одликува високата цена, односно, дека на пазарот ќе биде достапен за приближно 162.200 eвра. Тој нагласи и дека овој автомобил ќе биде поскап од моментално достапните луксузни „SUV“ модели.

„Mulsanne“ и натаму ќе остане водечки модел на „Bentley“, па така новиот „SUV“ нема да влијае на него. Овој модел на пазарот се очекува во текот на 2016-та година, а тоа што ќе го одликува е фактот дека ќе постигнува 320 km/h, како и дека е базиран на „MLB Evo“ платформата.

Се очекува дека овој модел ќе го карактеризира 4.0-литарски „V8 twin-turbo“ и 6.0-литарски „W12“ мотор заедно со „plug-in“ хибридна верзија која е потврдена за 2017-та година.

Екстериерот ќе го одликува комбинација на концептот „EXP 9 F“, „Continental GT“ и „Flying Spur“, додека внатрешноста ќе ја краси дигитална инструмент табла која веќе е видена кај моделот „Audi TT“ за 2014-та со металик и дрвени компоненти.

Новиот „Bentley SUV“ ќе се произведува на територијата на Велика Британија, каде оваа компанија има во план да вработи над 1000 луѓе и да инвестира околу милион евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП