3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајскапите смартфони во светот (фото)

Најскапите смартфони во светот (фото)

skap smartfon

Пред неколку месеци ви претставивме 10 смартфони за богати луѓе. Денешната вест е за најскапите паметни телефони во светот, а тие дефинитивно чинат повеќе од автомобилот или живеалиштето на повеќето од нас.

Погледнете ги:

15.3 милиони долари.

skap smartfon1

Дизајнерот Стјуарт Хјуз го создаде овој „iPhone 5“ за 15,3 милиони долари. Наречен е „Black Diamond“, поради своето основно копче од црн 24 каратен дијамант. Логото на „Apple“ е прикажано од 53 дијаманти, а вкупно на него се вметнати 600 дијаманти. Меѓу нив се разбира има и околу 135 грама 24 каратно злато. Екранот пак е изработен од сафир. Телефонот е направен за девет недели од Хјуз и е нарачан од непознат кинески бизнисмен.

8.5 милиони долари.

skap smartfon2

Вториот најскап смартфон во светот повторно е дело на Стјуарт Хјуз, а неговата цена е 8,5 милиони долари. Овој „iPhone 4“ на себе има 500 дијаманти.

2.41 милиони долари.

skap smartfon3

Во 2009-та година, австрискиот златар Петер Алоисон претстави специјална верзија на „iPhone 3G“. Цената на овој телефон е 2.41 милиони долари, што е рекорд за тоа време. Тој е направен од злато и 138 дијаманти. Неговото главно копче пак е од редок 6.6 каратен дијамант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП