3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе очекува слаб втор квартал за производителите на смартфони

Се очекува слаб втор квартал за производителите на смартфони

smartfoni pazar999

Секако беше само прашање на време кога развојот на пазарот на телефони значајно ќе забави. „Samsung“ ги предупреди своите акционери дека вториот квартал нема да биде одличен кога се во прашање телефоните, а само неколку часа подоцна „Walmart“ ја намали цената на „iPhone 5C“ на 29 долари (со договор), но најверојатно за постојано.

Покрај тоа, акциите на „Qualcomm“ на „NASDAQ“ од почетокот на јуни не стојат „сјајно“, како ни состојбата со инвеститорите во овој сегмент на пазарот. Ваквите движења секако може да се водат како индивидуални појави, но многу е веројатно дека станува збор за тренд на целиот пазар на телефони.

Една од главните причини секако е лошата ситуација на пазарите во Кина и Индија, како и глобалното прашање за скапите телефони и таблети.

Растот на пазарот во Индија се намали за 32% заклучно со март оваа година, а забавен е и растот на пазарот на смартфони во Кина.

Се истакнува дека фаблетите многу го загрозуваат пазарот на таблети, додека телефоните под 200 долари ги загрозуваат луксузните уреди кои имаат екран околу 5 инчи.

Многумина очекуваа дека паметните часовници и сличните уреди ќе ги заменат телефоните кога станува збор за забрзаниот раст на пазарот, но тоа се уште не се случи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП