Токму во овој момент сме сведоци на иднината која доаѓа. Од футуристички виртуелен проект до реален концепт на автомобил, „NISSAN“ стигна за помалку од една година.
Отворањето на „Googwood“ фестивалот го одбележа церемонијата од претставувањето на наследникот на моделот „GT-R“. Под ознаката „Nissan Concept 2020 Vision Gran Turismo“ е претставено главно тоа што можевме да го видиме на графичките анимации.
Покрај тоа што сега посетителите на фестивалот можат и да го почуствуваат, познати се и некои нови детали. Ова возило има 3.8-литарски „twin-turbo V6“ агрегат, кој во соработка со „Williams F1“ тимот е опремен со електронски „KERS“ систем.
Без сомнение, дури и ако некои од решенијата на дизајнот се отстранат од сериското производсто, „NISSAN GT-R“ кој ќе пристигне во 2017-та година, ќе биде токму тоа што од него го очекуваме! Автомобил без конкуренција во класата!