Со оглед дека „Samsung“ и „LG“ ги претставија своите „Android Wear“ паметни часовници и ги објавија датумите кога тие ќе им бидат достапни на купувачите, многумина пропуштија да го забележат паметниот часовник на „Motorola – Moto 360“.
Со крајно класичен „кружен“ изглед, „Moto 360“ го привлече вниманието на сите оние кои се занимаваат со преносната технологија, а покрај малиот публицитет, надежите се високи за овој уред.
Во обид да се зголеми и интересот на обичните луѓе, „Motorola“ објави видео на кое ни прикажува што нуди нивниот паметен часовник.
„Moto 360“ поседува „OLED“ дисплеј кој специјално е направен за компанијата, а овие екрани трошат и до 40 проценти помалку од „LCD“ панелот при прикажување на црни пиксели, поради тоа што може да се исклучи секој пиксел поединечно.
Меѓутоа, „Motorola“ беше доста срамежлива кога се во прашање останатите спецификации на овој уред.