27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајубав ентериер за 2014-та има... (фото+видео)

Најубав ентериер за 2014-та има… (фото+видео)

bmw i3 9

Наградата за најубав ентериер во продукциски автомобил за 2014-та година заминува во рацете на „BMW“ за внатрешноста на моделот „i3“. „Automotive Interiors Expo Award“ се доделува трета година поред, а победникот го одбира меѓународно жири составено од експерти од повеќе области.

bmw i3 90

Покрај лесната конструкција и електричниот погон, „BMW“ и во внатрешноста ги запази еколошките принципи, па се користени материјали направени од обновливи суровини и компоненти кои не се штетни за околината. Па така користени се дрво и кожа, но и ткаенини кои се обработени еколошки со прифатливи методи.

bmw i3 903

Или да преведеме во бројки: 25 проценти од пластиката која се користи во ентериерот на „i3“ се рециклира, додека текстилот кој е користен за седиштата, тапацирот на покривот и вратите, облогата на багажникот и теписоните во целост се од рециклирани влакна.

Иако ќе звучи чудно дека дрвото на инструмент таблата е еукалиптус, а тоа е одбрано затоа што станува збор за најбрзо растечкото дрво, а се одгледува на плантажи во Европа. Дури и кожата за седиштата е фарбана и тонирана користејќи екстракти на листови од маслинка, се со цел да се зачува природата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП