14 декември, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Време е за осминафинале!

СП 2014: Време е за осминафинале!

Group A - Brazil vs Croatia

Вечерва започнуваат првите битки од осминафиналната фаза на СП 2014. Во 18:00 часот домаќинот Бразил се соочува против Чиле.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Естадио Минеирао“ во Бело Хоризонте. „Кариорките“ завршија на првата позиција во својата група „А“, додека чилеанците финишира втори во групата „Б“каде остварија победа над се уште актуелниот шампион Шпанија со 2:0.

Победникот од судирот ќе се соочи на четвртфиналето против Колумбија или Уругвај, кои играат подоцна. Тоа значи дека во наредната фаза ќе има барем една јужноамериканска земја во полуфиналето.

Во двата состави нема особени кадровски проблеми. За Бразил под прашање е Давид Луис, кој има лесна повреда. Гери Меден и Артуро Видал од составот на Чиле го пропуштија тренингот во четвртокот попладне, но се очекува денеска да бидат меѓу стартерите.

Во другиот натпревар од денешната програма еден против друг ќе се соочат составите на Колумбија и Уругвај. Јужноамериканскиот судир започнува во 22:00 часот. Колумбија финишира во групата како лидер со сите освоени поени, додека уругвајците дојдоа до второто место, зад сензацијата Костарика, но пред едни од фаворитите за титулата, Италија и Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП