2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle го договори производителот на новиот таблет Nexus

Google го договори производителот на новиот таблет Nexus

nexus tablet 8

Aко може да им се верува на информациите кои пристигнуваат од Тајван, „Google“ наскоро би требало да ги објави деталите за соработката со компанијата „HTC“. Задачата на „HTC“ според тој договор би требало да биде производството на третата генерација на таблетот „Nexus“.

Новиот таблет би требало да има 8.9-инчен екран со резолуција од 2048 x 1440 пиксели, процесор „Nvidiа Tegra K1“, како и поддршка за „4G LTE“ мрежата.

Овој уред на пазарот би требало да се појави идниот месец по цена која ќе се движи меѓу 399 и 599 долари. До крајот на годината „HTC“ би требало да испорача 1.5 милиони примероци од овој уред.

Инаку, првата и втората генерација на серијата на таблети „Nexus 7“ со дијагонала од 7-инчи за „Google“ ги произведуваше компанијата „Asus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП