3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПоевтинува iPod Touch!

Поевтинува iPod Touch!

ipod touch199

Со порастот на популарноста на „iPhone“, најсличниот производ од палетата на „Apple“, „iPod“ со голем екран чувствителен на допир, беше најмногу погоден. Во последната година продажбата на „iPod Touch“ е преполовена, па во компанијата се одлучија за уште еден маркетиншки потег за на овој производ му внесат нова свежина.

Од „Apple“ потврдија дека во понудата ќе имаат освежена линија на „iPod Touch“ уредот. Најмногу функционални и естетски промени ќе влијаат на најевтинот модел, оној со 16 GB вградена меморија.

Како новост во асортиманот ќе бидат придодадени нови бои – розева, жолта, сина, сребрена и сива ( во кои веќе доаѓаат поскапите модели), а најевтиниот модел на овој „iPod“ од сега ќе има и вградена позадинска камера од 5 мегапиксели.

Сите „iPod Touch“ модели од денеска ќе се продаваат и по пониски цени. На матичниот, американскиот пазар, „Apple“ ја намали цената за 100 американски долари, што значи дека ќе започнат да се продаваат од 199 долари за најмалиот до 299 долари за најголемиот капацитет на вградена меморија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП