3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 6 ќе има 128GB интерна меморија?

iPhone 6 ќе има 128GB интерна меморија?

telefon3

Иако е потребно да помине доста време, можеби конечно ќе имаме можност да видиме смартфон со 128GB простор за складирање на податоци.

Вградениот простор во паметните телефони во последните неколку години полека расте, но напредокот полека е забавен со доаѓањето до 64GB, меѓутоа, наскоро повторно би можеле да видиме конкретен напредок, доколку може да им се верува на гласините кои тврдат дека „iPhone 6“ ќе има 128GB интерна меморија.

До овие информации дојде интернет страница „Feng.com“ по разговорите со снабдувачкиот ланец за компанијата од Купертино.

Меѓутоа, интересно е дека само 5.5-инчниот модел ќе има толку голем простор, додека моделот од 4.7-инчи ќе има 64GB интерна меморија.

Ова нормално има смисла со оглед дека поголемиот модел ќе поседува и поголем простор во кој таа меморија ќе може да биде сместена, а и „Apple“ веројатно сака поголемиот модел да поседува нешто што дополнително ќе го одвои покрај големиот екран.

Претходните гласини исто така тврдеа дека поголемиот модел ќе има и оптичка стабилизација на сликата, колку ова е вистина ќе дознаеме дури кога „Apple“ и официјално ќе го претстави „iPhone 6“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП