3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот смартфон на HTC - Desire 516

Новиот смартфон на HTC – Desire 516

htc desire 516

Тајвански „HTC“ службено го претстави новиот модел на паметен телефон од серијата „Desire“. Новиот модел се нарекува „Desire 516“ и е со „Dual-SIM“ поддршка.

„HTC“ во овој смартфон вгради 5-инчен екран со резолуција 540 x 960 пиксели и густина од 220 ppi. Процесорот е четиријадрен „Qualcomm Snapdargon 200 SoC“ со такт од 1,2 Ghz со „Adreno 302“ графика, а се напојува со помош на батерија со капацитет од 1950 mAh.

Вградената работна меморија изнесува 1 GB, додека за корисничките податоци „HTC“ подготви 4 GB интерна меморија. Како и кај повеќето слични уреди и кај овој е можно дополнително да се прошири просторот за складирање со помош на „micro SD“ мемориска картичка. „Desire 516“ поддржува „micro SD“ каричка до максимален капацитет од 32 GB.

Задната камера која најчесто се користи има резолуција од 5 MP, поддршка за автофокус, гео тагирање и снимање на видео записи во 720p резолуција. За фотографиите да бидат со подобар квалитет, „HTC“ задната камера ја опреми и со „LED“ блиц. Предната камера доаѓа со резолуција од 2 MP, а исто така поддржува снимање на видео записи во 720p резолуција.

„Desire 516“ доаѓа со „Android“ оперативниот систем во „Jelly Bean“ (4.2) верзијата и со „HTC Sense UI“ корисничкиот интерфејс од верзијата 5.1. „HTC Desire 516“ моментално може да се набави на кинескиот и индискиот пазар по цена од 220 долари, но дали овој модел ќе пристигне и на останатите пазари засега не е познато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП