6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови Баланс+ функционални оброци од Бимилк

Нови Баланс+ функционални оброци од Бимилк

Balans+Obroci-Poster-B2ddd

Бимилк ја збогати линијата на „Баланс+“ пробиотскиот јогурт со нови „Баланс+“ оброци со три различни вкуса. Отсега потрошувачите освен класичниот „Баланс+“ пробиотски јогурт ќе можат да изберат и „Баланс+“ со сува слива и трици, „Баланс +“ со јаболко, цимет и ванила и „Баланс+“ со круша и смоква.

Вбројувајќи се во редот на функционални производи, „Баланс+“ оброците се пробиотски ферментирани млечни производи збогатени со хранливи состојкии растителни влакна кои произлегуваат од природните својства на сливата, крушата, јаболкото и смоквата. Секој од „Баланс+“ оброците содржи единствена комбинација на овошни парчиња избалансирани во кремастата структура на јогуртот.

Покрај основната функција и улога која ја имаат во намалувањето на дигестивните тегоби и подобрување на цревната флора, Баланс+ оброците придонесуваат и за надополнување на енергетските потреби, за активен метаболизам и виталност на организмот. Тие се во функција на денешното динамично секојдневје и одговор на потребата од здрав и вкусен појадок или ужина.

Balans+Obroci-Poster-B2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП