2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПремиера на системот Android Auto (видео)

Премиера на системот Android Auto (видео)

android auto

„Google“ го претстави системот кој ќе овозможи подобра поврзаност и безбедна употреба на „Android“ смартфон уредите и корисните апликации во автомобилот. „Android Auto“ e одговор на „Apple CarPlay“ и е заснован на најновата верзија на „Android“ оперативниот систем кој пристигнува наесен.

Системот е дизајниран така што е сличен на стандардната „Android“ средина со поедноставен интерфејс, со цел што помалку да го одвлекува вниманието за време на возењето.

„Google“ ги оптимизираше контролите и командите кои се испишани на дисплејот на мултимедијалниот систем во возилото, па така возачот на подобар и побезбеден начин може да ги користи апликациите и услугите кои му се на располагање на „Android“ платформата.

Од истите причини предвидена е опцијата за користење на „Google Now“ гласовните команди за што е можно повеќе содржини и функции, како што се навигацијата „Google Maps“, праќањето „SMS“ пораки, апликации како „Google Play Music“ и друго.

Исто така, возачот за време на возењето може по пат на гласовни команди да внесе различни потсетници, кои ќе бидат достапни и на неговиот смартфон уред, подоцна кога ќе го напушти возилото.

Погледнете ја кратката презентација на „Google Android Auto“ системот:

Првиот автомобил опремен со „Android Auto“ системот ќе се појави до крајот на годината. „Google“ засега постигна договор за соработка со „Audi“, „General Motors“, „Hyundai“ и „Hondа“, со кои ја формираше алијансата „Open Automotive“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП