27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобилот на Тојота на водород ќе чини од 50.000 евра

Автомобилот на Тојота на водород ќе чини од 50.000 евра

tojotka20

Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ соопшти дека нивното возило на водород, кое ќе се најде во продажба во 2015-та, ќе чини околу седум милиони јени (50.000 евра).

„Тојота“ на крајот на минатата година најави дека во склоп на транзицијата на „зеленото“ производство, кое има помало загадување на околината и помалку троши ресурси, до 2015-та ќе започне со масовно производство на автомобили на водород.

Еден од директорите на „Тојота“, Сатоши Огисо, изјави дека тоа нема да биде автомобил на лизинг, со кој се возат официјални и славни личности, туку возило за секој ден за обичните луѓе.

Сите водечки производители на автомобили со децении работат на модели кои како гориво користат водород. Експертите оценуваат дека владите на земјите кои на улиците ќе имаат такви возила ќе мораат многу да вложат во пумпи за полнење на автомобилите со водород.

Скептиците велат дека пумпите за водорот ќе бидат поскапи од оние за електричните возила, како и дека ќе бидат потребни нови и безбедносни начини за производство, складирање и превоз на водородот.

Како предност на возилата на водород, јапонските експерти наведуваат дека се полнат многу побрзо, како обичните автомобили на бензин и дека можат да поминат многу повеќе километри без полнење, отколку електричните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП