2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Ford Edge направен да им се допадне и на Европјаните (фото+видео)

Новиот Ford Edge направен да им се допадне и на Европјаните (фото+видео)

ford edge

„Ford“ сака да ја зголеми продажбата на свои автомобили на европскиот пазар. Стратегијата на компанијата предвидува воведување на нови модели кои досега се продаваат на американскиот континент, како што се „SUV“ возилата „EcoSport“ и „Edge“.

Производителите на автомобили одамна сфатија дека желбите, потребите, но и вкусовите на купувачите се разликуваат од пазар до пазар. Автомобилите кои на пример се многу барани во Европа често не се добро прифатени во Северна Америка, и обратно.

ford edge1

Поради тоа, авто-компаниите се прилагодуваат или дури произведуваат посебни модели за одредени пазари.

Наместо да се развиваат нови модели специјално за Европа, од „Ford“ одлучија во рамките на „One Ford“ стратегијата на купувачите на „стариот континент“ да им понудат возила кои веќе се докажани на пазарите во Северна и Јужна Америка.

ford edge2

Првиот таков автомобил е малиот „SUV – EcoSport“ кој наскоро ќе пристигне во продажните салони, а следна е новата генерација на „Ford Edge“, која штотуку беше претставена на американскиот пазар.

Американскиот производител сакаше со конзервативен, ненаметлив дизајн да го направи автомобилот глобално прифатлив, со оглед дека ќе се продава во земјите ширум светот.

ford edge3

Новиот „Edge“ ја дели платформата со моделот „Mondeo“ (aмерикански „Fusion“) и изгледа скоро исто како концептот кој беше прикажан на женевскиот авто-саем во март 2014-та.

Во европската гама на возила на „Ford“, овој модел ќе ја заземе позицијата над „Kuga“.

ford edge4

Купувачите во САД можат да одберат меѓу три бензинци, 2.0-литарски четирицилиндарски „EcoBoost“ мотор со околу 245 ks, 2.7-литарска „V6 EcoBoost“ единица која произведува преку 300 ks, додека во врвот на понудата се наоѓа атмосферски 3.5-литарски „V6“ агрегат.

Во понудата за европскиот пазар се очекуваат и дизел мотори, а на располагање ќе бидат верзии со преден и погон на сите четири тркала.

„Ford Edge“ опремен со напредена, безбедносна технологија и првото воздушно перниче за колена кое се наоѓа во преградата.

Автомобилот најпрво ќе пристигне во продажните салони во САД во почетокот на 2015-та, па подоцна да се најде и на останатите пазари, вклучувајќи го европскиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП