3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLenovo го патентираше свој конкурент на Google Glass

Lenovo го патентираше свој конкурент на Google Glass

lenovo glass

Изгледа дека „Lenovo“ исто така има планови наскоро да влезе во сегментот на најпаметните носиви уреди. Компанијата во САД патентирала свој конкурент на очилата со додадена реалност, „Google Glass“, објави онлајн изданието „TechCrunch“.

Во својот патент „Lenovo“ не го опишува уредот како преносен. Наместо тоа го дефинира како „електронски уред и метод за снимање на звук“. Вградена е и камера која овозможува снимање на видео.

За разлика од „Google Glass“ кои имаат само еден екран, очилата на „Lenovo“ имаат два. Тие можат да се користат за презентирање на информации врз нормалното видно поле на корисникот. Во опремата има уште батерија, микрофон и слушалки, кои ги пренесуваат звуците преку вибрации во коските на черепот, а не преку звучници.

Засега компанијата официјално не го коментираше својот нов производ, ниту дали има намера да го пласира на пазарот. Таа сепак е рангирана рамо до рамо со „Apple“, „Microsoft“, „Google“ и неколку други компании, кои веќе имаат слични проекти и во моментов се во процес на нивно доработување.

„Lenovo“ не ги крие амбициите на мобилниот пазар, па компанијата постепено го зголемува своето присуство во сегментот на смартфони. Според предвидувањата дека најпаметните додатоци постепено ќе се претворат во задолжителен додаток на мобилните телефони, развојот на слични уреди од компанијата не е изненадување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП