23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва се лидерите на полето на патенти за смартфони

Ова се лидерите на полето на патенти за смартфони

Samsung Galaxy Tab S

„Samsung“ има значително големо портфолио на смартфони и други уреди, а се чини дека компанијата секоја недела претставува по некој нов производ, па така и не е чудно што се наоѓа на првото место на оваа листа.

Судејќи по студијата која ја спроведе „Thompson Reuters“, „Samsung“ побарал 2.179 дозволи за патентни права кога се смартфоните во прашање, што е скоро за три пати повеќе од најголемиот ривал, „Apple“.

Компанијата од Купертино има „само“ 647 патенти.

На второто место на листата се наоѓа „LG“ со 1.678 патенти кои сосема сигурно му помогнаа на овој производител да се најде на третата позиција на пазарот на смартфони.

Меѓу компаниите со зголемен број на патенти се наоѓа и „Qualcomm“ со 1.383 патенти, „Sony“ со 1.071 патент, „Panasonic“ со 976 патенти и „Sharp“ со 963 патенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП