29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен прототипот Range Rover Sport SVR (фото+видео)

Претставен прототипот Range Rover Sport SVR (фото+видео)

range-rover-sport-svr-640x360_c

„Land Rover“ го претстави прототипот „Range Rover Sport SVR“ пред неговото официјално деби на манифестацијата „Goodwood Festival of Speed“.

Дизајниран да биде најбрзиот и најмоќниот „Range Rover“ кој некогаш бил преставен, прототипот „SVR“ нуди вовед во производниот модел кој на пазарот ќе се појави во текот на наредната година.

Овој прототип го одбележува и почетокот на користењето на „SVR“ ознаката која се користи за да се разликува од идните модели со високи перформанси развиени од страна на одделението „Jaguar Land Rover Special Operations“.

range-rover-sport-svr-640x360_111

За жал, прототипот е истиот модел кој претходно беше забележан, па така да не открива ништо повеќе освен истакнатата предна страна на која доминира маската со големите отвори за воздух.

Видлив е и нов заден браник со интегриран дифузор и издувен систем со четири излезни цевки, а тука и сетот на масивни алуминиумски тркала и сопирачкиот систем со високи перформанси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП