28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter размислува за интеграција на WhatsApp?

Twitter размислува за интеграција на WhatsApp?

twitter whatsapp

Корисниците на „Twitter“ во Индија имаат можност да ја тестираат новата експериментална функција внатре во „Android“ апликацијата на „Twitter“.

На интернет се појавија фотографии кои прикажуваат посебно копче кое е наменето за „WhatsApp“ и кое се наоѓа на врвот на екранот, близу местото каде се наоѓа „share“ копчето и покрај иконата за пребарување.

Извршниот директор на „WhatsApp“, Јан Кум претходно изјави дека Индија е пазарот кој бележи голем раст кога станува збор за оваа апликација, така да има смисла тоа што „Twitter“ новата функција ја тестира токму во оваа земја.

Се уште не е познато на колку лица им е достапна оваа функција, ниту тоа дали ќе остане само во фаза на тестирање или наскоро ќе имаме можност активно да ја користиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП