2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari најавува нов модел

Ferrari најавува нов модел

ff nov

Најновите информации говорат во прилог на тоа дека „Ferrari“ работи на развој на нов модел кој ќе биде наменет за купувачите кои немаат толку големи барања, а кој се очекува на пазарот да се појави на крајот на оваа деценија.

Плановите на оваа компанија за наредните неколку години опфаќаат преставување на моделот „M458-T Italia“ со V8 „twin-turbo“, верзијата на „458 Italia“ која ја одликува 670 ks излезна моќ.

Во текот на наредната година „Ferrari“ ќе претстави и „LaFerrari FXX“ со 1.050 ks во рамките на ограничената серија од триесет единици заедно со моделот „LaFerrari Spider“ кој ќе биде двојно поскап од моделот со покрив и ќе се произведува во педесет примероци.

Тоа што исто така овој производител го планира е и нов модел наменет за купувачите кои немаат толку големи  барања, а кој најверојатно ќе ја носи ознаката „456“ и за која се верува дека ќе го карактеризира нов V6 „twin-turbo“ 2.9-литарски мотор кој развива 500 ks излезна моќ и 596 Nm вртежен момент.

И покрај се, се уште ништо официјално не е потврдено, а во понудата ќе биде и модел со мануелна трансмисија и со почетна цена од 175.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП