28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗа еден месец продадени милион примероци на Huawei Ascend P7

За еден месец продадени милион примероци на Huawei Ascend P7

 

nova ascend

Компанијата „Huawei“ ги објави бројките од продажбата на својот премиум телефон на полето на смартфони, моделот „Ascend P7“.

Тие говорат дека овој модел до 13-ти јуни, односно еден месец по премиерата, е продаден во милион примероци.

Овој успех е поголем ако се знае дека овој смартфон и натаму не е претставен на многу пазари, па така се уште го нема на пример во САД.

Целта на компанијата „Huawei“ е да продаде 10 милиони примероци од паметниот телефон „Ascend P7“. Тие пред себе си поставија и многу амбициозна цел за оваа година, а таа говори за продажба од 80 милиони смартфони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП