19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen станува евтина автомобилска марка

Citroen станува евтина автомобилска марка

caktust

„Citroen“ наскоро би можел да започне со производство на евтини автомобили. Тоа е дел од стратегијата кој би го забрзал обновувањето на овој производител, смета новото раководство на компанијата.

Со доаѓањето на чело на „Peugeot-Citroen“ (PSA), новиот шеф Карлос Таварес ги обелодени плановите за иднината на компанијата. Меѓу останатото, неговата замисла е да се дистанцираат брендовите во рамките на групацијата „PSA“.

Па така во врвот на понудата би се наоѓала екслузивната, луксузна „DS“ марка која би била независна од „Citroen“. „Peugeot“ ви бил во нешто повисок ред што тоа не е случај досега, додека „Citroen“ би произведувал евтини модели.

Идните модели на „Citroen“ би се разликувале и според дизајнот од актуелната понуда. Промената на дизајнот веќе може да се види на моделот „C4 Cactus“ кој имаше премиера на саемот во Женева.

„Додека повеќето производители се трудат нивните најнови автомобили да имаат спортски, агресивен дизајн, „Citroen“ ќе се движи по својот пат“, објаснува главниот дизајнер, Алехандре Малвал.

„Покрај дизајнот кој ќе се издвојува од конкуренцијата, „C4“ не е замислен да биде ексклузивен модел, туку автомобил кој ќе и се обраќа на пошироката публика“, вели Пјер Монферини, кој во „Citroen“ е задолжен за развој на нови модели.

Останува да видиме дали новата стратегија ќе ги даде посакуваните резултати и ќе допринесе за зголемување на продажбата на автомобилите на „Citroen“. Што се однесува до „Citroen C4 Cactus“, со цена од околу 14.000 евра и тој не е толку достапен како што најавија во францускиот производител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП