21 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple започна со производство на два модела iPhone

Apple започна со производство на два модела iPhone

tim kik

„Apple“ ќе започне производство на два нови модели на „iPhone“веќе во следниот месец. И двата уреди ќе имаат поголеми екрани од досегашната генерација на смартфонот, соопшти агенцијата „Bloomberg“.

Едниот модел ќе користи 4.7-инчен екран, а се подготвува и модификација со 5,5-инчен дисплеј. За споредба – актуелниот „iPhone 5Ѕ“ се потпира на 4-инчен панел. Плановите на „Apple“ се да ги претстават двата уреди до септември годинава.

Следниот „iPhone“ ќе претрпи и мали промени во дизајнот. Се очекува тој да е заоблен и тенок. Во иднина, пак, компанијата има уште поамбициозни идеи, затоа што веќе тестираат криви екрани, дополнителни сензори кои чувствуваат различна сила на притисок врз екранот и друго. Овие случувања сепак остануваат за некоја од следните генерации на смартфони.

Компанијата традиционално не коментира гласини и шпекулации. Одлуката да се насочи кон поголеми екрани е во спротивност со филозофијата на Стив Џобс. Тим Кук, сепак нема особено голем избор, бидејќи повеќето производители веќе се насочија кон паметните телефони со поголеми панели и тоа создава притисок врз компанијата, а таа веќе не е во состојба да ги занемари пазарните трендови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП