
На дванаесеттиот ден од Светското фудбалско првенство формирани се првите два осминафинални парови.


На дванаесеттиот ден од Светското фудбалско првенство формирани се првите два осминафинални парови.
Домаќинот Бразил во следната фаза ќе игра со Чиле, а Холандија за противник ќе го има Мексико.
Ова е епилогот по завршувањето на трите кола во А групата од која Мундијалот го напуштаат Хрватска и Камерун.
Резултати на синоќешните натпревари од последното коло во А групата:
Хрватска – Мексико 1:3 и Бразил – Камерун 4:1.
Табела А група: Бразил 7 бодови , Мексико 7, Хрватска 3, Камерун 0.
Бразил поради подобрата гол-разлика го освои првото место и за противник ја доби второпласираната репрезентација од Б групата, а Мексиканците како втори ќе играат со холандската селекција која заврши прва во Б групата.
Дуелот Бразил – Чиле ќе се одигра на 28 јуни во Бело Хоризонте од 18 часот. Истиот ден од 22 часот во Рио де Жанеиро за четвртфинале ќе се борат Холандија и Мексико. зс