5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако ќе изгледа Android Wear? (видео)

Како ќе изгледа Android Wear? (видео)

android wear22323

Компанијата „Google“ објави видео во кое ги откри деталите за својот следен оперативен систем за паметни часовници кој се нарекува „Andoid Wear“.

Во видеото се наведени детали кои претходно не беа познати, а „Android“ е поедноставен и прилагоден на паметните часовници.

Функционирањето на оперативниот систем е базирано на гласот, па така интеракција со часовникот е можна без да се допира екранот.

Корисниците ќе имаат на располагање поедноставен кориснички интерфејс. Останатите можности вклучуваат „Pages“ и „Stack“, кои претставуваат решение за ограничен простор на екранот на часовникот. Нотификациите ќе се редат една на друга, а најновите и истите ќе бидат на врвот.

„Reply“ е функција која овозможува одговор на пораките, а потребно е само да се изговори тоа што сакате да го испратите. Оперативниот систем се уште е во фаза на тестирање, така да прецизноста на говорните наредби дури треба да биде потврдена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП