2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC може да е производителот на последниот таблет Nexus

HTC може да е производителот на последниот таблет Nexus

htc nexus tablet

„HTC“ може да биде последниот производител на уред од палетата на „Google“ – „Nexus“. Не е јасно што ќе се случи со серијата, затоа што засега нема планови да има нов смартфон кој ќе го наследи „Nexus 5“ произведен од „LG“.

За сметка на тоа онлајн изданието „Android Police“ објави информации за обиди од „HTC“, таблет со кодно име „Volantis“ кој може да се покаже како „Nexus 9“. Таблетот има 8,9-инчен екран со резолуција 2048х1440, 64-битен процесор „NVIDIA Logan“ (Tegra K1) и 2 GB RAM меморија.

Импресивните спецификации на уредот вклучуваат уште и 8МР камера со оптички стабилизатор на сликата на задниот панел и 3МР камера на предниот панел. Куќиштето е од алуминиум, а на предниот дел му има и стерео звучници. За складирање на податоци уредот ќе има 16GB или 32GB внатрешна меморија.

Тежината на уредот ќе е 418 грама без „LTE“ модул или 427 грама со модулот. Тоа е доста поголема тежина спрема 298 грама за „Samsung Galaxy Tab S“ со 8,4-инчен екран, но во присуство на алуминиумско куќиште, тоа е очекувано. Изданието посочува дека верзијата со 16GB меморија може да чини 399 долари, а оваа со 32GB ќе е за сто долари повеќе.

Онлајн изданието „The Verge“ наведува дека постои можност таблетот воопшто да не се појави на пазарот и покрај очекувањата тоа да се случи кон крајот на годината. Причината е очекуваната нова иницијатива на „Google“, која засега е позната под името „Android Silver“ и ќе ја замени палетата „Nexus“.

Кај „Android Silver“, „Google“ ќе избира неколку телефони од различни производители и ќе ги рекламира заедно под свое име. Телефоните практично ќе се слични на сегашните „Google Play Edition“ модификации, а ќе користат (скоро) стандарден „Android“ и со редовни софтверни надградби. На овој начин „Google“ ќе ги третира еднакво сите производители, од што и самите тие ќе се позадоволни. Засега, сепак, компанијата не ја коментираше официјално ниту иднината на „Nexus“, ниту на „Android Silver“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП