18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter ja превзема SnappyTV

Twitter ja превзема SnappyTV

twitter-snappytv23333

Како дел од напорите да стане водечка платформа во комплеметарната телевизија, компанијата „Twitter“ ќе ја превземе „SnappyTV“, услуга која овозможува брзо уредување и споделување на кратки видео клипови од телевизија.

Веќе некое време „Twitter“ се занимава со телевизија и сака да стане водечка платфома во комплементарната телевизија.

Токму поради тоа потенцираат „твитови“ за време на различни партнерски ТВ емисии и серии, поддржување на спортски преноси во живо и воопшто се фокусираат во своите напори да добијат што е можно повеќе рекламен простор кој ќе се обраќа на ТВ гледачите.

Во склоп со тие настојувања пристигнува и вестта за најновата аквизиција. „SnappyTV“, услугата која овозможува уредување и делење на кратки видео клипови од телевизија на друштвените мрежи ќе стане дел од „Twitter“.

Компанијата е основана пред четири години, а веќе некое време потесно соработува со „Twitter“ на споделување на видео содржини.

Финансиските детали од превземањето не се познати, но не е објавено дали „SnappyTV“ ќе ја прекине соработката со „Facebook“ и „YouTube“, на кои досега исто така им беше овозможено да споделуваат преку нив видео клипови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП