2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСтартува продажбата на Surface Pro 3

Стартува продажбата на Surface Pro 3

SurfacePro101

„Microsoft“ објави дека „Surface Pro 3“, наследникот на минатогодишниот таблет „Surface Pro 2“, сега е достапен за купување во Америка и Канада во продавниците на „Microsoft“, „Microsoft Online“ продавницата и во другите малопродажни места.

Првата серија која ќе може да се купи е онаа со „i5“ процесор и 128GB меморија за складирање на податоци, а ќе чини 1000 долари, додека со верзијата со двојно поголем простор за складирање чини 1300 долари.

Што се однесува до останатите комбинации на хардверот, најевтин е моделот со „Core i3“ процесор и 64GB меморија кој чини 800 долари, додека примероците со „i7“ ќе се продаваат по цена од 1550 долари за моделот со 256GB и 1950 долари за моделот со 512GB.

Бавните и брзите, односно евтините и скапите „Surface Pro 3“ таблети во продажба ќе се појават на први август, додека продажбата во 26 дополнителни земји ќе стартува кон крајот на август.

Потсетуваме, „Surface Pro 3“ има 12-инчен 2160 x1440 екран и тоа ќе биде главна предност во однос на конкуренцијата (MacBook Air), но по намалувањето на цените на лаптопите „Air“, „Microsoft“ неможе да се пофали со атрактивните цени на „Surface Pro 3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП