2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака би требало да изгледа новиот Volkswagen Touran

Вака би требало да изгледа новиот Volkswagen Touran

vw touran 2015

Минатиот месец за време на тестирањата е фотографиран и еден маскиран примерок на „Volkswagen Touran“, модел за 2015-та, додека германскиот магазин „Auto Bild“ во меѓувреме објави и нов компјутерски цртеж за неговиот можен изглед.

Овој модел би требало да го одликува еволутивниот стајлинг со нов преден дел, „LED“ предни светла, поголема маска и нова хауба, а од претходните информации се очекува да го добие и системот за преклопување на седиштата „EasyFold“ од „VW Sharan“.

Автомобилот најверојатно ќе биде направен на платформата „MQB“, а ќе има до 100kg помалку од својот претходник.

Во палетата на мотори можеме да очекуваме агрегати како 1.2-литарски „TSI“ бензинец со 85KS и 105KS, 1.4-литарски „TSI“ со 122KS и 140KS, како и 1.6-литарски „TDI“ дизел со 105KS и 2.0-литарски „TDI“ агрегат со 150KS.

Исто така, новиот „Touran“ најверојатно би можел да се продава и на американскиот пазар, но тоа се уште официјално не е потврдено.

За потсетување, првиот „Touran“ на пазарот се појави уште во 2003-та година, редизајниран е кон крајот на 2006-та, а актуелната верзија беше промовирана во април 2010-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП