28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia развива сопствен интерфејс за Android

Nokia развива сопствен интерфејс за Android

nokia interfejs

„Nokia“ се враќа во мобилниот свет. Компанијата развива интерфејс за „Android“, кој веќе е во својата прва бета верзија.

Неодамна финската компанија го продаде својот бизнис со паметните телефони на „Microsoft“, но тоа не значи дека има намера да се откаже од таа дејност. Во „Nokia“ делува самостоен оддел од дел од луѓето кои останаа кај нив и не се префрлија во „Microsoft“. Сега тие работат како своевиден внатрешен стартап на „Nokia“ и развиваат повторно мобилни технологии.

Меѓу нив е и интерфејсот за „Android“ со името „Z Launcher“. Екранот е максимално поедноставен, па покажува часовник, календар, неколку икони со најважните апликации и динамична листа. Неговата содржина може да се менува, така што корисникот испишува букви и зборови директно на екранот. Тие се препознаваат од софтверот кој ги прикажува најблиските резултати од апликациите на телефонот, листата со контакти, датотеки, па дури и од интернет.

На прв поглед се е премногу едноставно, но според „Nokia“, тоа е затоа што уште не е дојдено времето на овој вид на интерфејси. Студијата на компанијата покажала дека луѓето почнуваат да користат се повеќе и повеќе апликации. Во еден момент тоа ќе доведе до пренатрупување со икони, кои ќе ги збунат корисниците. Затоа „Z Launcher“ се стреми да го реши проблемот пред тој да дојде на дневен ред. Тие ќе ги заменат иконите со активни листи кои корисникот ги повикува преку пишување на неколку ликови директно на екранот.

Покрај тоа софтверот ја следи активноста на корисникот и ги менува достапните неколку икони автоматски, така што да одговара на желбите на човекот. Системот е направен така што корисникот ретко би морал да се воведува повеќе од една или две букви, за да го најде она што го бара.

Инженерите на „Nokia“ велат дека сите информации се чуваат на уредот и се анализираат на лице место, без да се потпираат на сервери, барем за сега. „Z Launcher“ е ограничена отворена бета верзија и може бесплатно да се превземе од официјалната интернет страна на компанијата.

Од „Nokia“ наведуваат дека „Z Launcher“ е оптимизиран да работи со новата генерација паметни телефони од ерата на „Nexus 5“ и понови. Сепак брз тест покажува дека апликацијата работи добро и со постари паметни телефони од рангот на „Samsung Galaxy SII“, макар и што „кочи“ малку од време на време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП