25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG повеќе нема да го прави Nexus!?

LG повеќе нема да го прави Nexus!?

lg nexus plan

„LG“ во изминативе неколку години беше производител на смартфоните на „Google“ од линијата „Nexus“. Меѓутоа, тоа повеќе нема да биде така.

Имено, според зборовите на извршниот директор на компанијата, „LG“ нема планови за производство на уреди од линијата „Nexus“ во блиска иднина. Причината за тоа е нејасната иднина на целата програма „Nexus“, но и во „LG“ незнаат што точно се случува.

Од компанијата велат дека и самите се сретнале со многу шпекулации, но не се запознаени со плановите на „Google“.

Шпекулациите велат дека програмата „Nexus“ ќе биде заменета со програмата „Android Silver“.

Водечките производители на уреди кои ќе исполнуваат одредени барања, можат да бидат партнери на „Google“ во програмата, но со услов за ограничување на преинсталираниот софтвер и модификација на оперативниот систем, т.е. без обврска за издавање на надградувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП