2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНеизвесна е иднината на Toyotа Avensis?

Неизвесна е иднината на Toyotа Avensis?

avensis kraj

Продажбата на „Avensis“ во Европа скоро е преполовена во однос на 2010-та година, што може да доведе до нејзино повлекување од овој пазар, сметаат аналитичарите.

Традиционалните европски купувачи на автомобили од средна класа, во која припаѓа и „Avensis“, во последно време се повеќе се насочуваат кон возила од другите сегменти, како што се кросоверите или премиум автомобилите. Таквите трендови влијаеа на продажбата на модели од средната класа со намалување од 800.000 автомобили во 2011-та, на прогнозирани 500.000 во 2014-та година.

Се предвидува дека „Toyota“ во 2014-та на купувачите во Европа ќе им испорача околу 29.000 примероци на „Avensis“, додека за набавка на истиот модел во текот на 2010-та се одлучија 55.706 европејци.

Еден од челниците на компанијата, Дидиер Лерој, изјави дека „Toyota“ не планира хибридна верзија на „Avensis“, што е спротивно со намерата на овој производител до 2020-та во Европа на купувачите да им понуди хибридни верзии на сите останати модели.

Од друга страна, Лерој најави дека во рок од 5 до 7 години „Toyota“ сепак ќе пласира на европскиот пазар хибриден модел од средна класа. За некои аналитичари тоа е сигнал дека јапонскиот производител до крајот на оваа декада ќе го укине „Avensis“ и дека на негово место во Европа ќе се најде некој друг модел.

Еден од кандидатите е „Camry“ кој претрпе неуспех при претходниот обид за продажба на западноевропскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП