21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо јули стартува производството на iWatch

Во јули стартува производството на iWatch

i watch22

„Apple“ заврши со развојот на паметниот часовник, па се очекува негово производство да започне во јули. За производител е избрана компанијата „Quanta Computer“, соопшти агенцијата „Reuters“.

Во моментов официјалното име на уредот останува неизвесно. Името „iWatch“ му беше дадено од обожавателите и аналитичарите на „Apple“, но не е јасно дали компанијата од Купертино има намера да го користи.

Досега „Quanta“за „Apple“ произведуваше лаптопи и плеерот „iPod“. Се очекува да се произведат неколку милиони примероци од „iWatch“, а официјалното претставување на уредот ќе се случи во октомври годинава. „Apple“ има големи очекувања од часовникот, предвидувајќи 50 милиони резерви уште во првата година, тврди агенцијата.

„iWatch“ најверојатно ќе има дисплеј со дијагонала од 2,5 инчи, а производител на екранот е „LG Display“, додава „Reuters“. Часовникот ќе се напојува по безжичен пат.

Се очекува уредот да користи апликации и услуги за собирање на податоци за здравјето, како и да биде своевиден контролен центар за „паметните“ домови. За сега ниту една од компаниите не ја коментираше оваа тема.

Според весникот „The Wall Street Journal“, „iWatch“ всушност ќе доаѓа со неколку различни дизајни на куќиштето. Часовникот ќе има над 10 различни сензори со кои се следат здравствените индикатори на корисникот, како и условите на околната средина. Изворите на весникот дополнуваат дека „Apple“ очекува меѓу 10 милиони и 15 милиони резерви до крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП