9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовите уреди на Blackberry за оваа година

Новите уреди на Blackberry за оваа година

bb novi

Една од пропаднатите компании за производство на паметни телефони, почнува да се обновува, а дури планира и пуштање на пазарот на нови модели смартфони во оваа година.

Моделите ќе се насочени кон цврстата корисничка база на компанијата и претежно ќе се со класична тастатура.

Еве и како изгледаат новите модели, планирани за оваа година, од кои „Z3“ веќе е на пазарот:

bb novi1

Извршниот директор на компанијата – Џон Чен, за прв пат го покажа новиот модел со името „Passport“, кој во септември во Лондон ќе биде официјално претставен. Смартфонот ќе е со 4.5-инчен квадратен дисплеј со резолуција 1440 x 1440 и заситеност од 453 пиксели на инч.

Тој ќе се нуди со новата верзија на оперативниот систем на компанијата, „BlackBerry 10.3“. Во него се очекува да ја има продавницата за апликации на „Amazon“, која ќе додаде над 240.000 нови апликации за употреба од страна на корисниците на оперативниот систем.

Доста помалку информации има за другиот модел на компанијата, кој го носи името – „Classic“, за кој се знае дека ќе има 3.5 инчен дисплеј и физичка тастатура, обележјето на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП