19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИVita излегува од фокусот на Sony

Vita излегува од фокусот на Sony

vita konzola3

Годинешниот саем „E3“ помина без поголеми најави за „Sony PS Vitа“, поради тоа многу сопственици на оваа преносна конзола се загрижија дали „Sony“ ги заборавил. Нивните стравови се потврдени во неодамнешното интервју кое го даде Шухеи Јошида, а во кое стои дека „Vita“ излегува од фокусот на „Sony“ – барем што се однесува до „first-party“ игрите.

„Кога ја лансиравме „Vitа“ со „Uncharted“ играчите беа задоволни од „PS3“ квалитетот во кој можеа да уживаат со своите дланки, но со доаѓањето на нови конзоли, луѓето ги зголемија своите очекувања. Среќа, на пазарот се проширија „indie“ игрите кои со својот концепт совршено одговараат на „PS Vitа“, вели Јошида.

Тој објасни дека играчите на „Vitа“ не поминуваат многу време на конзолата, поради тоа што „indie“ игрите на оваа платформа и одговараат подобро отколку класичните „ААА“ наслови. Јошида додава дека „Sony“ во иднина ќе се посвети токму на игрите на независните тимови и на „Vitа“ ќе претставуваат значително помалку „first-party“ игри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП