Имајќи во предвид дека производителот на луксузни телефони „Vertu“ конечно претстави модел кој доаѓа со „high-end“ карактеристики, време е да видиме како изгледа луксузен телефон со ист таков хардвер.
Станува збор за моделот наречен „Signature Touch“, a го одликува 4.7-инчен екран со резолуција од 1080, како и оперативниот систем „Android 4.4 Kitkat“.
Што се однесува до хардверот, тука е процесорот од 2.3 GHz „quad-core Snapdragon 801“, 64 GB интерна меморија, камера од 13 мегапиксели, батерија од 2275mAh, „Qi“ бежично полнење, „NFC“ и „LTE“.
Колку во овој уред секој детал е луксузен говори и фактот дека мелодиите ги креирал лондонскиот симфониски оркестар.
За ова задоволство ќе ви биде потребно да одвоите 21.900 долари.