3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВака изгледа долгоочекуваниот Fire Phone (видео)

Вака изгледа долгоочекуваниот Fire Phone (видео)

Amazon Smartphone

Вчера се случи долгоочекуваниот настан на гигантот за онлајн трговија „Amazon“, на кој беше претставен новиот смартфон на компанијата – „Fire Phone“.

И додека во последно време се појавија доста информации за новиот 3D паметен телефон, голем дел од нив се покажаа како точни, но она што ги изненади гостите, беше цената по која ќе се продава уредот.

Новиот паметен телефон ќе е со цена од 199 долари за 32-GB верзија и 299 долари за 64-GB со двегодишен договор од „AT&T“. Цената на двата модели ќе е соодветна на 649 и 749 долари без договор или иста како на „iPhone 5S“.

Според експертите поставувањето на цените блиски до оние на главните конкуренти на компанијата, се наведува дека хардверот на смартфонот не е полош од оној на другите уреди на пазарот.

Смартфонот е со 4.7-инчен дисплеј со можности за 3D визуелизација и контрола со гестови, што според запознаени е „скапа технологија“.

Високата цена на уредот е промена во стратегијата на „Amazon“, кога тие го понудија својот таблет со голем попуст за да привлечат корисници.

Очекувањето на новиот смартфон влијаеше исклучително добро на акциите на компанијата, кои поскапеа за 9% до ниво од 334.38 долари за акција.

Овој паметен телефон има 4.7-инчен дисплеј со резолуција 1280 x 720 пиксели. Тоа е помалку од резолуцијата од 1080 x 1920 пиксели на моделот „Galaxy S5“, кој има 5.1-инчен дисплеј, но е повеќе од резолуцијата на 4-инчниот „iPhone“. Моделот е со 13-мегапикселна камера спрема 16-те мегапиксели кај „Galaxy S5“ и 8-те мегапиксели кај „iPhone“.

Смартфонот располага со 2 GB RAM меморија, како и „quad-core“ процесор „Snapdragon 800“ со фреквенција од 2,2 GHz.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП