25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Падна“ Facebook!

„Падна“ Facebook!

fb pad

Доколку малку по 10 часот по „наше време“ се обидовте да се вклучите на вашиот „Facebook“ профил, веќе сте забележале дека нешто се случило, т.е. дека ништо не се случи. Информациите за тоа дека најголемата светска друштвена мрежа „падна“ пристигнуваат од целиот свет.

По 20 минути „Facebook“ се врати во нормала, но и натаму нема објаснување што влијаело на прекинувањето на нормалното функционирање.

Во 10 часот, доколку сакавте да се логирате ќе ја добиевте следнава порака „Sorry, something went wrong“ (Жал ни е, се случи грешка), a ако веќе бевте логирани, неможеше никаде да одите во рамките на мрежата. Техничките проблеми ја оневозможија работата на страната, но и на апликациите на смартфоните и таблетите ширум светот. Корисниците најдоа утеха на „Google+“ и „Twitter“.

Oва е прв пат „Facebook“ да има технички проблеми во вака голем обем и прекин на работата кој траше подолго од неколку минути. Марк Цукерберг, основачот и извршен директор на „FB“, своевремено изјави дека оваа друштвена мрежа никогаш нема да „падне“ и некогаш нема да прекине со работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП