12 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot и Новак го претставија моделот 508 зa 2015-та (фото)

Peugeot и Новак го претставија моделот 508 зa 2015-та (фото)

508 nova

„Peugeot“ ги објави техничките податоци и фотографии на редизајнираниот модел „508“. Француската компанија во промоцијата го вклучи и најдобриот српски тенисер со кој соработуваат од почетокот на годината.

Четири години по појавувањето на пазарот, „Peugeot 508“ доби нов изглед и технолошки подобрувања кои вклучуваат и нови, ефикасни погонски единици.

508 nova1

Со редизајнот се опфатени сите три модели од семејството „508“: лимузина, караван и крос моделот „RXH“.

Кога станува збор за дизајнот на надворешноста, досегашните меки и заоблени линии на предниот дел го отстапија местото на острите рабови.

508 nova2

Маската на ладилникот е подигната и нагласена со проширена хромирана рамка. Променета е и хаубата, како и фаровите и браникот, додека амблемот на компанијата е преместен од хаубата на централниот дел на маската, а „Peugeot 508“ доби и модерни дневни „LED“ светла.

Лимузината и краванот имаат и променет заден браник и редизајнирани стоп светла.

508 nova3

Визуелните промени во внатрешноста се дискретни, но се значајни во функционална смисла. На централната конзола се наоѓаат помали копчиња, затоа што некои команди се преместени на седуминчниот екран од мултимедијалниот систем.

Технолошките подобрувања вклучуваат и сензори за отривање на други возила кои се наоѓаат во „мртвиот агол“ и задна камера.

508 nova4

Во палетата на мотори се внесени три нови единици. Наместо 1.6-литарскиот „Euro 5 THP“ бензинец со 156 ks, во понудата исто така ќе се најде и 1.6-литарски „THP“, но со 165 ks, кој има мала емисија на јаглерод-диоксид (131 g/km) и ги задоволува „Euro 6“ стандардите.

Овој мотор доаѓа во комбинација со шестстепен мануелен или шестбрзински автоматски менувач.

508 nova5

Купувачите можат да изберат и меѓу два нови дизел мотори. Станува збор за 2.0-литарски „BlueHDi“ агрегат со 150 ks (eмитува 105 g/km CO2) и 180 ks (111 g/km).

Првиот мотор е поврзан со мануелен шестбрзински, а другиот со шестстепен автоматски менувач.

„Peugeot 508“ зa 2015-та ќе има премиера во август, кога истовремено ќе биде изложен на авто-саемите во Москва и кинескиот град Ченгду, додека продажбата во Европа ќе започне на почетокот на септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП