25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДенес се очекува претставување на првиот смартфон на Amazon

Денес се очекува претставување на првиот смартфон на Amazon

amazon mob

По неколку месеци шпекулации и гласини се очекува денес „Amazon“ всушност да го претстави својот прв паметен телефон. Уредот ќе се одликува со „3D“ интерфејс, кој ќе може да се гледа без дополнителни очила.

Смартфонот ќе користи неколку камери кои се поставени на предниот панел и ги следат очите на корисникот. Со оваа информација уредот ќе ги воведува потребните корекции во сликите на интерфејсот за да не се губи тродимензионален ефект при промената на аголот на набљудување.

Се уште не е јасно што ќе се случи ако двајца луѓе гледаат истовремено во екранот, ниту какви се идеите на „Amazon“ за функциите на смартфонот. Според интернет изданието „BGR“, уредот ќе има 4.7-инчен HD 720p дисплеј, 2GB RAM меморија, процесор „Qualcomm Snapdragon“. Оперативниот систем е базиран на „Android“, но е преработен од инженерите на Amazon и затоа не го носи официјално името на „зеленото роботче“.

Останува непозната и цената на уредот, како и во кои земји ќе се продава. Ако ја следиме практика на компанијата при електронските читачи и таблетите, тогаш може да очекуваме ниска цена, која ќе се покрива од реклами и припојување на услугите на „Amazon“ во интерфејсот. Обично компанијата ја започнува продажбата на нови уреди прво во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП