4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИViago - новата евтина апликација на Garmin

Viago – новата евтина апликација на Garmin

viago garmin

Покрај посебниот навигациски систем и уреди, „Garmin“ веќе некое време во понудата има и свои апликации за оперативните системи „Android“, „Windows Phone“ и „iOS“ од кои некои чинат и повеќе од 30 американски долари.

Со цел да се борат со евтината, а честопати и бесплатна конкуренција, во компанијата одлучија на пазарот да ја пуштат „Viago“ – навигациска апликација за „Android“ и „iOS“ мобилните телефони, која ќе чини само 1,99 долари. Во промотивниот период кој трае до 13-ти јули, цената на апликацијата ќе биде дури 0,99 долари.

За тој симболичен износ „Garmin Viago“ нуди навигациски карти од целиот свет, како и напредната можност „turn-by-turn“, помош при престројување во вистинска лента (Lane Assist), како и сообраќајни информации.

Останатите можности како „вистинските“ навигации (базирани на околните загради, семафори и слични ориентири наместо имињата на улиците), „offline“ мапи, информации за сообраќајниот метеж во вистинско време и слично, ќе бидат достапни за превземање со дополнителна наплата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП