4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia била изнудeна од хакери пред шест години

Nokia била изнудeна од хакери пред шест години

nokia hack

Пред шест години „Nokia“ била цел на изнуда од група хакери кои се заканувале да го откријат програмскиот код на мобилната платформа „Symbian“. За да не дозволи тоа да се случи, компанијата исплатила неколку милиони евра на хакерите, објави финската телевизија „MTV“, цитирана од „Reuters“.

Информацијата е потврдена и од полицијата, но без да се откриваат конкретни детали, бидејќи случајот се уште се истражува. Пред шест години група, се уште непознати хакери, успеале да ги откријат клучевите за декрипција на дел од јадрото на „Symbian“.

Тие се поврзале со компанијата и најавиле дека ќе објават на интернет, освен ако не им биде платено. Ако тоа се случело, секој ќе можел да прави апликации за „Symbian“, кои ќе имаат корист од клучни технологии, а со тоа и да се заканува безбедноста на целата платформа.

Од „Nokia“ ја известиле полицијата, која имала план да трага и да ги фати хакерите при размената на парите. Тој, сепак, се покажал како неуспешен и хакерите ја извлекле целата сума, која била во износ од неколку милиони евра. И до денес сторителите не се идентификувани, иако полицијата продолжи со работа на случајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП