26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗModel X во производство од 2015-та година

Model X во производство од 2015-та година

tesla model x

Aмерикански „Tesla Motors“ во февруари 2012-та година, официјално го претстави својот нов „Model X“. Тогаш производството беше најавено за 2013-та, но тоа беше одложено со цел „Tesla“ да ги отплати позајмиците и да го зголеми производството на „Model S“. Иако имаше сомневања за „Model X“, поради надминувањето на роковите за планираното производство, најновите информации укажуваат дека „Model X“ се враќа на патеката, со почеток на производството во следната година.

Овие факти се потврдени по пат на електронска пошта до носителите на резервации, напишани на официјалниот „Tesla Motors“ форум. Во електронската порака, „Tesla“ исто така потврди неколку клучни детали за производството на овој електричен кросовер и тоа дека моделот ќе има „Falcon“ врати, три реда седишта, но не во стандардна опрема, а погонот на сите четири тркала ќе биде стандарден. Голем дел од овие информации претходно ги објави и самиот Елон Маск, но потврдата со електронската порака за носителите на резервации служи како уште еден доказ за плановите на компанијата.

Што се однесува до важните информации, како што се перформансите и дометот на овој електричен автомобил, ќе мораме малку да почекаме „Tesla“ да се одлучи да ги објави и деталите за „Model X“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП