По ноември минатата година, кога „Snapchat“ повторно ја одби понудата на „Facebook“ за превземање, започнаа шпекулациите дека „Facebook“ подготвува своја апликација која ќе ги има истите функции како и „Snapchat“.
Минатата недела истата „случајно“ се појави на „Apple – App Store“, по што наскоро беше повлечена со објаснување дека се уште не е време за нејзино претставување, но дека многу наскоро ќе биде „лансирана“. Една недела по целата збрка, „Facebook“ конечно го претстави „Slingshot“, апликација која моментално ја има во верзија за „iOS“ и „Android“ уредите, додека „Windows Phone“ корисниците засега немаат можност за користење на оваа апликација.
„Slingshot“ ја одликува минималистички интерфејс, а за разлика од „Snapchat“ е ориентирана на повеќекорисничка комуникација. Имено, додека „Snapchat“ ви овозможува комуникација само со еден корисник, со „Slingshot“ можете тоа да го сторите со повеќе од едно лице.
Дека „Slingshot“ не е само копија на „Snapchat“ покажува и една посебна карактеристика која „Facebook“ ја воведе и со неа можеби малку ја искомплицира комуникацијата. Имено, „Slingshot“ нема да ви ја прикаже добиената содржина се додека вие на испраќачот не му одговорите, па така е можно мало несогласување.
Изненадување е тоа дека „Facebook“ не инсистира на пријавување по пат на вашиот профил на оваа друштвена мрежа, туку апликацијата можете да ја користите и без тоа, но сепак ќе морате да го дадете вашиот телефонски број на кој ќе добиете „SMS“ порака со „PIN“ без кој неможете да го започнете користењето на оваа апликација.