2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовите механичари на Audi се роботи! (видео)

Новите механичари на Audi се роботи! (видео)

audi roboti

„Audi“ најави дека ќе започне да користи специјални роботи во своите сервиси на американскиот пазар, а со тоа да им помогнат на мајсторите побрзо да ја извршат дијагностиката и да ги откријат проблемите на автомобилот.

Роботот „Audi Robotic Telepresence“ (ART) им овозможува на овластените претставници и сервиси видео линк со експертите на „Audi“ во американската централа на германската компанија. На тој начин се обезбедува техничка и стручна поддршка за локалните мајстори на лице место, во работилницата.

Овој робот се движи со помош на три тркала, а се управува со далечинско. Информациите ги добива по пат на екран кој се наоѓа на неговиот горен дел.

Истовремено, камерата која е инсталирана на роботот пренесува видео информации во друга насока, кон операторот во централата на „Audi“, кој на тој начин може да ги прегледа деловите на возилото кое се сервисира.

Погледнете ја симулацијата од работата на „Audi ART“ роботот:

Во „Audi“ велат дека роботот е дизајниран со цел да им пружи помош на техничарите и сервисерите во овластените претставништва, но и клиентите да добијат што поквалитетна и побрза услуга.

Германската компанија веќе воведе 18 „ART“ роботи во своите претставништва во САД кои се дел од пилот проектот, а се планира тие во иднина да се најдат во 100 серивиси на „Audi“ во оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП