4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Два нерешени натпревари на шестиот ден

СП 2014: Два нерешени натпревари на шестиот ден

awqa

Два натпревара завршија без победник на шестиот ден на Светското првенство во Бразил.

Во Форталеза домаќинот Бразил во првиот натпревар од 2.коло одигра без голови со Мексико – 0:0.

Јунак на дуелот беше голманот на Мексиканците Гиљермо Очоа, кој успеа да спречи некоку добри шанси за Бразилците.

Бразил и Мексико имаат по 4 бодови во А групата.

Русија и Јужна Кореја одиграа 1:1 во последниот натпревар од првото коло. Прва во водство дојде селекцијата на Јужна Кореја со голот на Кеунхо Ли во 68.минута, додека изедначи шест минути подоцна Александар Кержаков.

На првиот дуел од групата Х, Белгија со пресврт дојде до победа над Алжир од 2:1.

Белгија е прва во групата со 3 бодови, пред Јужна Кореја и Русија кои имаат по 1, а Алжир е без бод.

Денеска се играат три натпревари: Австралија – Холандија (18 часот – Б група), Чиле – Шпанија (21 часот – Б група) и Хрватска – Камерун (24 часот – А група).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП