27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИKlarna станува сериозен конкурент на PayPal

Klarna станува сериозен конкурент на PayPal

klarna-333

Просек само тројца од секои сто кои кликнале на копчето „купи“ на екранот на својот смартфон, го завршуваат договорот докрај. Има многу проблеми при онлајн купувањето преку мобилен телефон, вели ко-основачот на новата платформа за порамнувања „Klarna“, Себастијан Сиемиатковски, цитиран од „CNN“.

Идејата на „Klarna“ е да ја олесни постапката за вршење на купување преку паметен телефон. Системот ќе располага со податоците на корисникот, а тој ќе мора да ги внесе исклучиво својата емаил адреса и „ZIP“ кодот за да се финализира договорот, дури и на интернет страна во која нема регистрација. Останатото ќе се врши автоматски од софтверот.

Технологијата на шведската компанија ја ужива поддршката и на некои водечки инвеститори. Меѓу нив е Мајкл Мориц со својата „Sequoia Capital“, која е меѓу првите инвеститори и на „PayPal“.

Во моментов „Klarna“ работи во Германија, Норвешка, Финска и Шведска, а за неколку месеци ќе навлезе и во Велика Британија. Засега компанијата сака да се развива побавно и да ги избира своите пазари.

Сепак Мориц смета дека „Klarna“ има голем потенцијал и може да се претвори во конкурент на „PayPal“.

„Има многу што не одвојува од плаќањето во нивната сегашна форма преку интернет“, коментира тој.

Според него, крајната цел на „Klarna“ е да направи платформа, која на корисниците ќе им овозможува да вршат плаќање со еден клик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП